Стрелаштво
Нови успеси на стрелците од клубот Херој Прилеп. На 27. традиционален турнир “Ристо Танев” во Кавадарци, третото место во дисциплината воздушна пушка го освои Ирина Јованоска. Тренерот Трајче Дамевски е задоволен од напредокот. На овој натпревар е пласирана веднаш под фаворитите, Анастасија Мојсовска од Охрид и Мартин Ангелески од Прилеп, двајцата членови на скопски Стрелец.
Следи финален натпревар на најдобрите од Купот, во Битола.