ГРАДОТ НА КУЛИТЕ

Сан Џимињано

Сан Џимињано е средновековниот град во Тоскана, оддалечен 56 км. од Фиренца и околу 70 км. од западна Италија. Град е со бројни знаменитости, тесни улички, кули, цркви и други градби од средниот век. Тука е и највкусниот сладолед.

Познат е како град на кулите од, класично средновековие. При наближувањето, очите ги параат високите градби кои создаваат импресивен хоризонт. Градот е исторски центар заради архитектурата која е светско наследство на УНЕСКО. На влезот е една од портите, која води до централниот дел. Потковани со знаење на картите се откриваат градските тајни на градот, кој бил важен центар за трговија. Познат е по првично 72-те кули, градени од патрициските семејства. Тие ја демонстрирале моќта и богатството. Највисока е Тора Гроса со 54 метри од 1298 година. Фантастичен е поглед на околината, на Тоскана. Наспроти е Дуомо Тера дел Рогноса со 50 метри . Таа е најстара. Излегува од првата градска куќа Палата дел Подеста. Во тоа време имало забрана за градби повисока кулата, но подоцна се кревале други. Останати се 14 кули.

Центарот е атрактивен. Ла Колегијата е од 11 век, катедрала со богата внатрешност и фрески од 14 век, од подот до таванот, капелата Санта Фина… Градскиот музеј Палата дел Пополо и градскиот музеј кој е внатре во палатата, со извонредни уметнички дела и фрески од 13 до 15 век. Во музејот на тортурата експонатите од инструментите за мачење, како потсет на немилите настани. Предизвикува внимание и Археолошкиот музејсо малие етрурски експонати, потоа Музејот на современи уметности. И малата црква Св. Аугустино од 13 век е раскошна со фрески, мермерен олтар. Предизвикува љубопитност остатоците од тврдината Ла Рока од 14 век. И тука е уште една диоптрија на недогледните насади на винова лоза. Воздишките мамат на овековечување на историски град за спомен.

Одморот се прави во некој од рестораните околу средновековната фонтана – Фонти Медиевали од 9 век, каде се чувствува духот на средновековниот град со сладоледот како да е највусниот на светот.

По тесните улички се стасува до паркингот за заминување на нова дестинација.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading