ТОМОС   СО   МИРИС   НА   НОВ   ПРЕСПАНСКИ   ДОГОВОР

Ако сакаш да уништиш еден народ, тогаш уништи му го неговото најдлабоко паметење, уништи му ја црквата.

На 17 07 2022 год во весникот Зенит ја објавив мојата колумна со специфичен наслов “Навидум прекрасна вест”. Тогаш владееше некоја еуфорија за признавањето на Охридската Архиепископија како канонска. Голема група интелектуалци со свои потписи се заблагодаруваа на Вартоломеј. Јас бев исклучок. Во одлуката на Светиот Синод на патријаршијата пишува: “МПЦ не смее да го користи името Македонија, македонска, македонски, македонско”. Во документот се наведува дека некој ова писмено го ветил. “Ракописов” ми личи на онај од Нивице. Уште еден чекор кон апсолутно губење на македонскиот идентитет. Нова држава, нова нација, нова црква, нова историја. Вселенска Патријаршија во Фанар – Цариград. Таа црква од типичен историски аспект е гркоманска, а тоа значи и асимилаторска. На нејзиното чело секогаш стоел владател со екстремно нескромна титула – Вселенски Патријарх. Денес тоа е Вартоломеј. Сите верници упатени во светото писмо знаат дека таквата титула му прилега само на Господ, во ликот на Исус Христос. Тој, Вартоломеј, вселенски Грк решава за судбината на МПЦ, надвор од нормите на Бог и боженственото. Повеќе од сарказам и мазохизам е да молиш некое признание за твојата црква чија генеза е далеку пред Фанар и основана на темелите на Божјата промисла и светлина,

Првата христијанска црква е основана во Филипи, во куќата на Лидија Македонката од Апостолот Павле во присуство на неговите пратители Сила, Тимотеј и Лука. Апостолот Павле тука доаѓа на барање на Македонец, а не на човек од Македонија, како што ги фалсификуваа новите библиски изданија. Тоа е перверзен фалсификат – само да не е Македонец. Ете ти го идентитетскиот геноцид со преспанскиот договор, а потоа и со бугарскиот и со директен притисок од Брисел и Вашингстон. На тој притисок е вклучен на еден подол начин и Фанар. Апостолот Павле всушност и го врачува томосот на МПЦ директно испратен од Бог, Македонија да го шири христијанството. Нашиве се слепи. Фанар не внесува во канонското единство со горчливо признание, без признание на името на МПЦ. Страшно подло и антибожјо. Значи автокефалноста на Лидија Македонска и Апостол Павле не важат. “Лицем светци, срцем волци”, вели Григур Прличев. Овој е понижувачки томос, без М, политикански и не божји. Да се одбие томосот од Вартоломеј.

Сум бил песимист. Само добро информиран оптимист е песимист.

ПРИМ. СПЕЦ, ДР  Б. ДАМЕСКИ

Loading