ДВА КРУЖНИ ТЕКА, КАТНА ГАРАЖА…

В година

Локалните власти имаат амбициозна развојна програма за  унапредување на дел од локалната улична инфраструктура. Утврдени се околу 180 милони денари, кои ќе се плаќаат две години, а објектите ќе никнат в година.

Граѓаните можат да очекуваат изградба на два кружни тека, од кои едниот кај јарболот на крстосницата на булеварот “Гоце Делчев” со улицата “Прилепски бранители” и другиот на крстосницата меѓу улиците “Димо Наредникот” и “Александар Македонски”. Предвидени се по околу десет милиони денари, но се очекуваат пониски цени на тендерите. Бидејќи е завршена тендерската постапка, се очекува почеток и крај на кружниот тек на крсосницата кај деветкатница.

Конечно, за неколку месеци ќе се зголеми бројот на паркинг местата во центарот за педесетина со изградбата на модуларната гаража зад градската кафеана. Одредени се 18,5 милиони денари.

Локалната самоуправа предвдидува отворање на нова сообраќајница од Точила кон индистриската зона спорти Жито Прилеп. За комплетна реализација, заедно со експропријацијата, се планирани 24 милиони денари. И уште едно вложување за бизнис секторот од 38 милиони денари е проектирано за 1,5 км. за комплетно завршување на уредувњето на улиците во индустриската зона Металец.

И в година ќе продолжи рехабилитацијата на улиците за 40 милиони денари.

Loading