До затворањето на весникот, (средата) уште не беше познато што откри вонредниот надзор во неколкуте здравствени установи, откако неодамна новороденче родено во Прилеп, по 10 дена почина на Детската клиника во Скопје. Јавноста дозна од фејсбук статус објавен од мајката и тврдеше дека бебето се родило здраво. Првичните сомнежи се дека починало од сепса, а во прилепското јавно обвинителство оформен е и предмет.
Родителите се сомневаат дека напревани се пропусти, а болницата информира дека бебето е третирано соодветно. Поради анамнестички податок за инфекција кај мајката, земена била крвна слика која била со уреден наод, било поставено на фототерапија, но поради одбивање на новороденчето да цица и потешкотии со дишењето и е поставено на двојна антибиотска терапија и испратено во Скопје за понатамошно лекување.
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од менаџментот на болницата.