ПРАДЕДО ГО ОТКРИЛ ГЛАСОТ НА ВОЛКОТ

Во некое село, нас­тавничката по биологија предавала за гласот на животните. Кое животно рика, блее, лае, вија, ‘ржи и тн. Учениците ги откривале гласовите на сите животни, ама за волкот никако да погодат. Негодувале и наставничката и учениците. Некој рекол дека волкот е како куче и има сличен глас, дека волкот вија или лае, некој рекол дека волкот рика, блее и тн. Никако да дојдат до заеднички заклучок, каков глас има волкот.

Еден ученик í рекол на учителката:

– Прадедо ми е стар човек. Тој знае.

Наставничката поверувала и го замолила да го донеси прадедото да го открие гласот на волкот наредниот час на биологија. Ученикот го повел прадеда си. Го седнал во училишната клупи. Старецот веќе природата го загро­зила. Не слушал, окелавел и без влакно коса на главата. Слабо гледал.

Наставничката го прашала за помош стариот дедо.

– Треба да поможиш по биологија, да го откриеш гласот на волкот! Каков глас има волкот? Рика, лае, вија, ‘ржи, блее?

Старецот не одговорил. Гледал насмеан и подзинат. Наставничката го повторила прашањето, а старецот бледо гледал во таванот. Наставничката го прашала ученикот, правнукот на старецот.

– Што го донесе старецот? Не знае ништо. Го загубил памтењето. Нема да поможи.

Ученикот рекол.

– Може јас да го прашам прадедо ми?

Наставничката се согласила, а ученикот се доближал до прадедото и на глас прашал:

– Дедо, од кога немаш онадено дунда?

Дедото се поднасмеал и, како од пушка, со сиот глас, викнал:

– Оу, оууу, одамна!

Ученикот се свртил кон учителката и рекол:

– Слушнавте, дедо ми знае каков глас има волкот?

Loading