ДИГИТАЛНИ АЛАТКИ ЗА ХЕМИЈА

Гимназијата Мирче Ацев

Проектот за примена на дигитални алатки за часовите по хемија, Гимназијата „Мирче Ацев” заедно со четирите средни училишта од Прилеп, по две годишна имплементација го оконча со завршна конференција. Дисеминацијата на проектот ЦхемДМ – Цхемицал Данцинг Моделс (Хемиски танцувачки модели) е во рамките на ЕРАСМУС + програмата, поддржан од ЕУи менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми. Во проектниот тим се Ружа Ангелеска и  Христина Манческа, професори по хемија, Кети Ефремоска Наумоска – професор по англиски јазик и локален координатор на проектот, со поддршка на директорката на гимназијата. 

– Главната цел беше дигитално трансформирање на образовните методи и содржини. Беше поделен примерок од наставната програма со прирачник во печатена форма и УСБ-стик во електронска форма кои ќе помогнат за совладување на содржините по хемија, биохемија и ќе го поттикнат БРО, МОН за усовршување на програмите и нивна имплементација за почеток како факултативен предмет – вели Весна Михаиловска, директорка на Гимназијата Мирче Ацев.

На настанот биле присутни и професори од Битола и од Кавадарци.

Loading