МОТОЦИКЛИСТИТЕ ДА СЕ ШТИТАТ СО КАЦИГИ…

Авто контрол за Денот на културата во сообраќајот

Во организација на Авто контрол, станицата за технички преглед од Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната струка на СОУ “Ристе Ристески Ричко”, се одбележа Денот на културата во сообраќајот, 11 Мај. Кај Градскиот саат учениците поделија флаери со едукативна соджина со цел да се унапреди сообраќајната култура и да се подигне свеста за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.

– Секое незнаење, некултура и непочитување има цена и чинат изгубени животи. Затоа, заедно да градиме систем на општествени вредности во кој културата во сообраќајот ќе имаат водечко место. Ова е многу важно за безбедноста. Примената на правилата да претставуваат навика и да се пренесуваат. Одбележувањето е во знакот на безбедноста за возачите на моторцикли – порача Даниела Перканоска од Авто контрол, станицата за технички преглед.

Според неа, возачите на моторцикли треба да бидат особено внимателни.

-Носењето кацига е клучно за заштита од повреди и несакани настани. Повикуваме на зголемување на свеста за придржување на правилата во сообраќајот, особено за брзината, престигнувањето и употребата на заштитна опрема. Тоа носи побезбеден сообраќај за сите учесници, намалување на несреќите и зачувување на нашите животи и имот – рече Перканоска.”

Денот на културата во сообраќајот се одбележува низ светот.

Loading