ЈАПОНСКИ МЕТОД ЗА СЛАДОК СОН

Јапонците особено внимаваат на квалитетниот сон. за сладок сон се потребни 1 банана, лажичка цимет, лажичка мед и чаша од 300 мл. вода. Бананата се лупи и се сечка на тркалца. Се става на оган во сад со вода да врие додека испари половина од водата. Потоа се гмечи и се додава цимет во прав. На подизладената смеса í се додава мед по вкус и се консумира најдоцна еден час пред спиење. Легнувањето треба да биде најдоцна во 22 часот.

Квалитетниот сон ги штити менталното и физичкото здравје и влијае на на квалитетот на животот. При спиењето мозокот има доволно време да ја обработи и создаде енергијата за секојдневните активности и да го одржува физичкото здравје. Покрај тоа, има способност да се чисти од токсини. Спиењето ја подобрува концентрацијата, општата состојба на мозокот и го подмладува телото. Лошиот сон е последица на лоши навики во исхраната, анксиозност, недостаток на минерали и нездрав начин на живот. Недостигот на сон ја намалува енергија, придонесува за депресија, општа слабост, мачнина, раздраздливост, умор и ризик од хипертензија. Бананите се богат извор на калиум и магнезиум, минерали кои го подобруваат квалитетот на сонот. Овие минерали помагаат во опуштањето на мускулите и вените и ги поништуваат негативните ефекти од вишокот на кортизол, хормонот на стрес. Тие ја содржат амино киселината триптофан, која го поткрева серотонин, кој помага во регулирање на спиењето. Циметот од рецептот содржи етерични масла со сладок вкус и со пријатен ароматичен мирис, како и витамин А, пантотенска киселина, ниацин и пиридоксин. Зачинот го релаксира телото, го олеснува варењето на храната и ја подобрува циркулацијата на крвта.

Loading