ДЕКАДА ВО СЛУЖБА НА ВОЗАЧИТЕ

АВТО КОНТРОЛ СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Десет години од формирањето одбележа Авто контрол, станицата за технички преглед од Прилеп. Од сон, од идеја, воден од љубовта кон автомобилизмот Љупчо Перканоски заедно со својата сопруга Даниела во 2014 година почнаа да ја градат компанијата од занаетчиски авто сервис, која денес прерасна во најреспектабилна компанија во својата област во Македонија. Судбината не дозволи Љупчо, креаторот на идејата за Авто контрол, да го слави десет годишното постоење заедно со вработените, соработниците, клиентите и пријателите.

– Во мај 2014 година нашиот заеднички сон беше да создадеме компанија која ќе го достигне врвот меѓу станиците за технички преглед. Успеавме… Но, животот е непредвидлива игра. Од една страна, судбината… Од друга, луѓето… Само тука победник нема. Нека овој ден е празник во чест на мојот сопруг Љупчо, за неговата неизмерна енергија и посветеност кон автомобилизмот – рече Даниела на затворањето од петтиот Македонскиот оф роуд 4×4 во Крушево, изразувајќи благодарност до вработените, соработниците, клиентите и пријателите за 10 годишнината од постоењето на Авто контрол, станицата за технички преглед.

Авто контрол е синоним за еснаф, за посветеност, синоним за професионалност. Компанија се одликува со одговорност при извршувањето на услугите за корисниците. Со неуморна работа и со примена на високи стандарди подигнат е степенот на безбедност во сообраќајот.

Патот до успехот Авто контрол го краси смислата за општествена одговорост кон заедницата. Имињата на Љупчо и Даниела Перканоски и Авто контрол секогаш асоцираат на подадена рака за добробит на заедницата, за поддршка во спортот, во културата, здравството, а особено во едукацијата за подигнување на свеста за сообраќајната култура.

Авто контрол овој месец, мај, го посветува на своите соработници и клиенти со подароци при секој извршен технички преглед на возилото.

– На нашите клиенти им благодариме за довербата и лојалноста што ни ја покажувате секој ден. Нивната поддршка е наша инспирација за напредок и подобрување. Грижата за нашите клиенти отсекогаш била приоритет и тоа е една од нашите особини за континуиран успех и напредок, за што нашите клиенти нé наградуваат со долгогодишна доверба. Благодарност за честитките со пораката дека продолжуваме по истиот пат – вели Даниела Перканоска, генерален менаџер на Авто контрол, станицата за технички преглед од Прилеп.

Loading