2000 ЕВРА ЗА ДВЕ  ТЕГЛИ МАРИОВСКИ МЕД

НА ЦРКОВНО  НАДДАВАЊЕ 

Нема точни податоци за изградените македонски цркви и црковни објекти. Граѓаните самоиницијативно отсекогаш, а не само во денешно време наоѓале различни марифети да изградат верски храм.

На интересен и малку несекојдневен начин е изградена црквата Св. Благовештение. Турските власти не дозволувале да се гради православен верски објект повисок од џамиите. Прилепскиот еснаф со досетка ја изградил црквата со само две-три скали подолу од површината и добиле прекрасен објект со кого и ден денеска се гордееме на божјото здание. Сите сме им благодарни на досетливите и итри прилепчани кои ги надмудриле цариградските власти. Постарите знаат дека меѓу тогашните ктитори најмногу споменуван е Ристо Аџиристески.

И во денешно време, се градат со донации од граѓаните, верниците убави дури и грандиозни црковни такаречи во секој крај од Македонија. Нема континент, нема земја во близина каде Македонците немаат свој божји дом. Цркви има не само во Европа, ами и во Америка, Австралија, Канада… Каде што има Македонци, има и црковни објекти за одржувањена верски обичаи. Портите се отворени за празниците православни, христијански.

Необичен настан се случи при богослужбата во црквата во селото Полчиште во Мариово на одбележувањето на денот Св. Пантелејмон. Подарените две тегли со мариовски мед од некој верник во црквата на наддавањето, продажбата, достигнале 110 илјади денари. За секој сведен, празник на црквата сите подарени предмети, оставени за здравје и добробит во семејството, се продаваат на присутните на крајот од богослужението. Не се одредува цената, ами верниците наддаваат. Секој кажува колку дава за одредениот предмет. Така за тегла мед со пазарна цена од околу 500 денари, Симон Журев, роден од Полчиште, а сега живее во Австралија, сакајќи на некој начин да донира средства за црквата, за теглата сомед на наддавањето со другите учесници понудил и ја купил за 55 000 денари со ветување дека ќе ја носи во Австралија за спомен. Да не остане подолу од него, сакајќи да донира средства за доградба на црковните објекти, исто толку платил за другата тегла и Жан, жител  на селото Ново Лагово. ДФве тегли со мариовски чист мед што некој ги подарил, црквата добила 110 000 денари или скоро две илјади евра.

При одбележувањето на верскиот празник  Петковден во црквата Св. Петка на реката Сатока кај селото Бешиште во Мариово при наддавањето на подарените предмети на црквата 200 грама кафе достигнале дури 12 500 денари. Наддавачите сакале да донираат средства за помош на црквата и за здравје. При наддавањето еден се откажал, а последниот ја “платил” 200 евра кесичката со кафе. Луѓето помагаат на свој начин за некој црковен објект. Така било оттсекогаш и насекаде. Нашите и во странство прво купуваат земјиште, а потоа полека со донации собираат пари за градба на црковни објекти со македонски и православен карактер. Таму се негува православието и се одржуваат секакви црковни богослужби и обреди.

Овие примери не се необични во мариовско. Во Витолиште, секоја година при прославата на празникот на Св. Илија се јавуваат домаќини  за донирање на вол. Отсега се знае кој е донаторот на волот в година. Од пријавените осуммина, веќе се знае кој ќе биде домаќин следните осум години, кој ќе го даде ручекот на гостите за сведен во Мариово.

Така отсекогаш се граделе и се градат македонските црковни објекти кај нас, а и во светот. 

Loading