ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (210) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

На третиот ден за Божик времето зимно, време сончево со неколку сантиметри снег, преку денот се затоплуваше. Верниците кои беа со намера за посета на црквата и гробовите, си отидоја в црква. Скоро сите домаќинства беа в црква. Тука се забележа да имаше повеќе дојдено гости уште од вечерта како сватовштини, редовни гости. Од постарите марулчанки на гости беа дојдени Атанасоска Неданова Петра Танеска со момчето Ило Делоски од Прилепец. Митреска Јованчева Марија Мурџеска со момчето Пецо Вишиноски од прилепско Алинци. Дамјаноска Ристева Марија со момчето Петрески Тоде Бапкоски од с. Чумово. Ристеска Цветанова Илинка со момчето Киро Пецаковски од с. Трап. Ризоска Боризова Горица и Ружа со момчињата Здравески Васил Солоски и Благоја Неданоски Делоски двата од Штавица. Тошеска Божинова Катерина Јолеска со момчето Лан џелин од Штавица. Ристеска Петрева Зора Јанкоска со момчето Ордан Бутески од Штавица. Атанасоска Рисетска Спасија со момчето Аџиоски Јаковче од Чумово.

После враќањето од црква сонцето високо се искачуваше над брегот лопатички Бобишта, времето се затоплуваше. Домаќините и нивните гости направија доручек, па и тие што немаа гости, го направија истото, доручек. Гајдата од Алексо Бабјак веќе по трети пат е на сред селото, надуена, почна да свири и до предпладневните саати средселото се наполна со луѓе од сите категории, ораџии и сеирџии.

Времето одминуваше, орате и песните се одвиваа нормално, некаде псоле ручекот и одненадеш како гром од ведро небо почна нешто да се шепоти на сред селото и се разнесе гласно да вечерта во с. Мојно имало убиство. Некој си маж со секира ги убил некој си брачни пар, двата, мажот и жената му и денес ќе бидат погребани во ист гроб. Народот на сред селото се спаписа, се укочи, деморализира поради не знаат кои се убиените, секој мисли најлошо за своите. Така со возбуденост и паника престана свирката како почит за убиените поради не се умрени од своја природна смрт него од насилничка рака. Народот си разотиде дома.

Во наредните денови се дозна да убиените лица се Божиноски Јован и неговата сопруга Божиноска Јованица Пара родена Чорбеска од с. Долно Агларци. А додека убиецот е Грашкоски Цветан од с. Мојно. Убиените родители оставија шест деца сирачиња.   

Грашкоски Цветан е женет за Стојкоска Најдова Денка од с. Подмол. Денка по таткова лоза е бончанка од Стојковци. Додека по подмолска лоза е Ѓорѓиевска  Достина, Денко поради Најдо е домазет за Доста.

Цветаница Денка и дедо ми Јовчески Ристе од Марул се втори барчеди. Доста мајка е на Денка и Велјан се први брачеди од две родени сестри, Струма и Петра. Во 1831 година есента Гулабоски Божинов Ристе се оженил за Саѓеска или Шијакоска Илиева Божна од с. Лопатица, прилепско. Пра, пра-пра дедото Ристе Гулабоски и Божна со нивниот брака изгледале пет деца. Во 1832 година се родило првото дете Николе. После Николе им се родиле уште четири женски деца. Благуна, Митра, Струма, Петра. Денка е од родот на баба е Струма, Јовчески Ристе е од родот на баба му Петра. Сите овде спомнати има свои потомства.

Поводот за убиството на Божиноски Јован и  Божиноска Јованица Пара на 8 јануари 1958 во с. Мојно во тогашната општина Тополчани

Како што се пренесуваше тогаш кај народот да на првиот Божикни ден вечерта кај домаќините Јован и Јованица имало веселба, гости со музика од со гајда. Меѓу гостите бил присутен и канатларчанецот Турчинот познат како Мемет партизаноо и во присуство на Грашкоски Цветан, мончанец.

Веселбата траела до касно навечер. Гостите присутни на таа веселба си разотишле, а додека гостинот Мемет Партизано останал тука и преноќевал. Народот во шала дофрлуваше да Мемет останал тука се правела македонска турска свадба преку ноќта. Цветан Грашко насетил, му стнало сумливо да дотогашната негова тајна посестрима Пара да има некоја тајна работа со гостинот и е предупредил оштро и за да го одстранат гостинот од нејзината куќа. Цветан насетил Пара игра валкана работа со гостинот, а него веќе економски го соголила, сега фатила нов побратим, Турчинот Мемет Партизано од Канатларци.

Ноќта е поминале како што е поминале, тие знаат. Утрото на вториот ден на Божик гостинлакот го направиле од прилика околу десет саатот пред ручек. Канатларскиот гостин Мемем Турчинот си тргнал да си оди за дома во Канатларци со договор и обеќање од двата, Мемет и пара дека таа ќе му оди навратка на посета во Канатларци.

Времето е после ручек, Јованица Пара за другарка е нејзината јатрва Петрејца и тргнале на пат за одат на посета, на гости во с. Канатларци кај побратимот Мемет партизано. Кога дошле надвор од Мојно во местото викано Умата ги пречекај Цветан Грашко со секирата сокриена под палтото, ги предупредил за да се вратат назад за дома Јованица пара и нејзината сопатничка, јатрва е Петрејца. Петрејца јатрвата рекла за да се врата. Но, убедувањето – предупредувањето од Цветан до Пара не било земено за озбилно. Јованица Пара рекла ако треба и сама ќе одам, назад нема да се вратам, не сакам да го лажам побратимот Мемет.

Цветан Грашко кога ги слушнал тие зборови од Пара, налутен луднички е извадил од под палтото, е нападнал Јованица Пара, е искасапил, таа паднала мртва на земи. Додека нејзината сопатничка јатрва е Петрејца кога видела што се догодило со јатрвата и Пара се уплашила ив о панично бегство се вратила назад за дома за Мојно.

Цветан Грашкои или Грашкоски откако е убил заклал Јованица Божиноска Пара е измил исчистил секирата од крвта набрзина пред јатвата Петрејца да си појди дома кај Божиновци Цветан оди дома кај Божиноски Јован кого го начелак хранел едно од децата. Цветан со секирата сокриена под палтото го предупреди со лага измама да магарето од Јован јади на сеното од Цветан. Јован изненаден станал да с еувери за магарето дали е на сеното од Цветан. Станал Јован за да види да се увери. Штотуку станал Јован и тргнал на кај вратат Цветан Грашко од позади по Јован е извадил секирата и замавнал на Јован по глава. Јован одма не паднал, се завртил Јован и се фатиле раце со раце да се борат. Во борењето Јован на Цветан му рекол што ти направив што ме убиваш, виде да си го хранев детето. Во борбата Јован оштетен од ударот и паднал раскрварен од секирата и тогаш Цветан го доотепал Јован со секирата.

Начинот односно поводот што го рекол пред Јован да неговото магаре му го јадело сеното на Цветан било смислена провокација за да е започни Цветан кавгата пред да биди Јован убиен односно заклан со цветановата секира. Јован и Цветан биле ближни комшии ги делел брато на Цветан Стојан Грашкоски.   

Продолжува          

Loading