ЛЕК ЗА ЗАТНАТИТЕ СИНУСИ

Синуситис е воспаление на синусите, џебови исполнети со воздух во коските на лицето. Симптоми се чувство на оток на лицето, притисок зад очите, затнат нос, отежнато дишење, цедење слуз во грлото, непријатен мирис во носот, температура и евентуално забоболка.

Против воспаление на синусите еве ефикасен рецепт. Потребни се 1 чаша вода, 1 лажица морска сол, 1 лажица камилица, 1 лажица мед, 2 капки јод и малку сода бикарбона. Се става една лажица морска сол да зоврие со една чаша вода. Се трга садот од огнот и се става една лажица камилица. Кога чајот ќе се излади, се додава една лажица мед, на врвот од лажичката сода бикарбона и две капки јод. Течноста се прска во нос 2-3 пати дневно.

Уште еден ефикасен рецепт. 1/2 кг. лушпи од непрскани компири се варат и се прави инхалација со пареата (главата покриена со крпа врз садот) во времетраење од 15 минути. Потоа се вари лук во истата количина. Главиците да бидат цели и нелупени. Па повторно 15 минути инхалација. Постапката се повторува три ноќи со ред, по што синусите се чистат. После инхалацијата не се излегува надвор.

Човекот има четири чифта синуси поврзани со носните канали со низа дупки и меѓуврски. Синуситисот се јавува кога ќе се воспали епителот што ги покрива синусите. Затворањето на синусните отвори се појавува при настинка или грип. Овие болести го засилуваат лачењето на слуз во носните канали, предизвикувајќи отекување на ѕидовите на синусите и оневозможувајќи нормална работа на клетките. Во некои случаи синусните отвори ги затвора некоја необична анатомска творба, на пример, носни полипи, девијација на носната преграда, туѓите тела или тумори. Некои болести како дијабетесот создадат предодреденост за воспаление на синусите. Кај луѓе со недоволно слуз и влакненца, веројатноста за оваа болест е поголема од просечната.

Loading