РЕД ВО ЗДРАВАТА ХРАНА

Правилната исхрана се засновува на рамнотежа, умереност и разновидност во дневната исхрана. Секако дека е нужна секојдневна телесна активност. Храната се дели во 6 категории на застапеност секојдневно.

Жита се леб од цели зрна жита, жита за појадок, тестенини или ориз.

Зеленчук се препорачува секојдневно. Консумирањето треба да е на свеж или на варен – темнозелен листест, црвен и портокалов како морков или тиква. Потоа пченката или компирот што се извори на долготрајна енергија за организмот.

Се препорачува овошје секојдневно по 2-4 порции. И тоа разновидно, јаболка, сливи, авокадо, портокали и боровинки.

Маслата и мастите доаѓаат од рибите, јаткастите плодови и растителните масла. Се ограничува употребата на заситени масни киселини, иако се природен извор на витамин Е. Добри се и незаситените масни киселини.

Млекото и млечните производи се вреден извор на калциум, потребен за раст, развој и за одржување на коските. Препорачливо е консумирање со намален процент на масти.

Месото и мешунките се јадат 2 порции. Се препорачува посно, односно месо со мало количество на масти. Важни се продуктите со Омега-3 масни киселини како рибите.

Физичката активност се препорачува секојдневно по 30 минути. Добро е со движење на телото да се троши енергија. Пожелно е шетање, качување по скали, спортување, возење велосипед, танц, пливање, јавање…

Со правилната исхрана се намалува ризикот од дебелеење, што е водечки фактор за појавата на хронични незаразни болести како што се дијабетесот или кардиоваскуларните болести. Балансираната и разновидна исхрана е основа на здравјето и помага во регулирањето на телесната маса.

Loading