НАГРАДА ЗА НЕОБЈАВЕН РОМАН ОД ЉУПКА ТОМИЌ

Романот “Туѓината пуста да остане” од нашата сограѓанка Љупка Томиќ е награден на меѓународниот конкурс на “Дата Песнопој” од Битола, со наградата “Пелистерски ракувања”. Романот е во ракопис, а авторката го пријавила на конкурсот. Наскоро ќе се отпечати.

– Во романот се испреплетуваат борбата да се зачува честа, по секоја цена, дури и по цена на убиство кое во самоодбрана го извршува Никола, во последните години од турското ропство, за да ја одмазди честа на неговата братучеда Софка. Принуден е да го напушти родното село и да замине кај Чикаго, оставајќи ги сопругата, децата, родителите… Во Македонија и се враќа по заминувањето на Турците. Но, само една година, бидејќи со семејството биле изложени на потсмев и презир од соселаните. Затиоа пак заминал во Америка, да си ја исцели душата, да закрепне духовно и да се врати како достоен родител и сопруг. По веста дека неговата Таса е на умирање и дека нема да го дочека и да се врати, оти била болна се опива што паѓа во големо искушение и ја изневерува сопругата. Гревот му трае до крајот на животот. Како спомен на тој грев добива син. Се оженил со неговата мајка. Чувствува срам и болка. И праќа писмо на Таса дека тој не ја заслужува и нема да се врати никогаш, а таа останува верна на Никола. Сама ги одгледува двете деца. Умира релативно млада, покрај своите деца и внуци, со огромна болка во душата. Никола останал до крајот животот кај Чикаго. За разлика од двете деца во Македонија, неговиот син во Америка е разгален и недомаќин. Минува како пијаница, коцкар дури и паѓа в затвор… Тоа е дел од содржината на романот, посветен на прабаба ми, создаден во знак на голема љубов и почит како храбра и достоинствена жена – Томиќ, која е професор по француски јазик и работи во ОУ “ Кирил и Методиј” во селото Канатларци.

Loading