„30 ПРСТИ“ ВО „…ЦЕПЕНКОВ“

Концерт

Вечерва во фоајето од ЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи концертот “30 прсти”, на кој ќе се претстават пијанистите Весна Ангелова, Марија Вршкова и Петар Макариевскисо дела на Крас, Рамазанов, Илин и Темков.

Вршковае битолчанка која дипломирала на ФМУ во Скопје. Таа и магистрирала. Добитник е на повеќе награди. Најзначајна í е наградата  од меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Рим. Учествувала на бројни семинари по пијано и камерна музика. Има афинитет за современата музика, совладувајќи ги најновите пијанистички техники. Настапувала во многу земји. Работи како вонреден професор на ФМУ во Скопје.

Ангелова Христов, дипломира на ФМУ Скопје. Магистрирала на интепретација на пијано на ФМУ. Добитник е на бројни државни и меѓународни награди. Настапува како солист и камерен музичар низ Македонија. Бугарија, Хрватска, САД… и на бројни музички фестивали во земјата. Афинитет í е камерната музика. Најчесто настапува со виолинисти, поддржувајќи млади музичари. Таа е професор по пијано и камерна музика во средното музичко училиште во Скопје.

Макариевски, дипломирал на ФМУ Скопје. Посетува магистерски студии во Софија, а од 2011 година добива асистентско место на универзитетот во Атланта, САД и завршува магистерски студии. Во САД имал концерти. Настапувал и со Македонската филхармонија. Тој е едне од камерното дуо на пијано со Весна Ангелова.

Loading