КОПЕРНИКУС 551 – МАИЛ АРТ ОД ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

В понеделник необична поставка, со маил арт проект, ќе се претстави нашиот уметник Златко Крстевски по повод 551 година од раѓањето на Никола Коперник.

Содржината е повеќе од 100 дела на уметници од сите земји на светот, каде може да се види шареноликост од идеи поврзани со темата. Слободата на изразот е можност за освежување на ликовната сцена. Пристапот претставува посебен вид на естетика.

М-р Тони Чатлески запишал дека мајл артот е еден од најголемите андерграунд уметнички феномени на дваесетиот век.

-Тој претставува нов начин на меѓусебно поврзување и создавање сопствена култура. Мејл-артот произведува креативни дела надвор од материјалистичкиот, уметнички маркетинг. Тој ги претвора поштенските сандачиња во музеи без ѕидови – вели Чатлески.

Златко Крстевски е етаблиран уметник кој во изминатите 35 години го презентирал творештвото на повеќе континенти.

Loading