МТЦ „ЗОНА“ НАГРАДЕНА НА ДАФ

МТЦ  „Зона“ се закити со наградата за колективна игра за претставата “Чернодрински се враќа дома” на 61-то издание на Драмскиот амаматерски фестивал во Кочани.

– Да бидеш човек, во вистинска смисла на зборот, треба да ги разбудиш сите свои сетила и да чувствуваш. Да ја храниш душата и да ти пее срцето. Три изведби во четири дена! Преполни сали во Прилеп и Кочани, премиера, аплаузи, честитки, забава, солзи, пот па и награда. Кулминациј е освојувањето на драгата награда. Горди, уморни и исполнети, завршуваме циклус како дебитанти на театарската сцена. Завршуваме, но по се изгледа допрва почнуваме. Ние сме повеќе од младински театар. Тоа е страст, посветеност и пример како млади луѓе го надминуваат сопствениот лимит. Само треба да се сака и потребни се жртви – велат од МТЦ “Зона”.

Loading