ХЕПЕНИНГ ЗА БЛАЖЕ КОНЕСКИ

Петта година Заводот и музеј го реализира проектот хепенинг  „New Event – tention“ 2024, во чест на Блаже Конески, чиј координатор беше м-р Лилјана Неделкоска. Проект е во соработка со школската популација. Биле вклучени деца од Народна техника, кои изработиле голема макета од куќата на Конески останува како вреден подарок во спомен куќата. 

– Децата изработија мозаик од куќата со природни материјали како леќа, грав, ориз, пченица и сл. Подготвија и рецитал. Имаше изработки со ликот на Конески и неговата песна ,,Дете”. Талентираните ученици од ОУ ,,Блаже Конески” изработија уметнички слики со ликот на Конески и куќата со мрсни бои, а кои врамении остануваат во музејот за некоја наредна добротворна хуманитарна продажна изложба –  вели Неделкоска.

Loading