ИНСПИРАТИВНО ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2023

На 16-тото издание на манифестацијата Поетско Маркукуле 2023 учествуваа поети од земјава и од Србија и од Бугарија, задржувајќи го интернационалниот карактер и промовирајќи ја македонската култура. Излезе и Зборникот со 220 домашни, странски, од дијаспората и млади автори.

-Зборникот е потврда дека манифестацијата прерасна во препознатлив поетски бренд не само во Македонија, туку и пошироко. Како клуб, покажавме дека со сплотени сили се постигнува сé. Испраќаат порака дека пишаниот збор е на прво место каде може да се презентира македонскиот јазик, култура и традиција – вели Андријана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп, кој е организатор.

Првото издание  беше во 2007 година по иницијатива на Љубен Димкароски Димкар.

Loading