РЕВАЛОРИЗАЦИЈА НА КУЌИТЕ, СТАНОВИТЕ, ДУЌАНИТЕ…

Во полн ек е репроцека на имотот на граѓаните според новиот закон што се врши на секои четири години. Повторното вреднување на имотот, ревалоризација, се должи на движењето на цените на недвижнините. Од репроценката, која треба да заврши до крајот на годината, значително ќе се зголеми данокот на имот, што ќе влијае на финансиската стабилност на општината. Се очекува општината од данок на имот на правни и физички лица да собери повеќе 40 милиони денари.

Репроценката ќе се врши според методологија. Општината е обврзана за почитување на законската регулатива. Последната проценка датира од 2009 година. Општината е поделена на шест зони. Ќе бидат опфатени сите сопственици на недвижен имот на правни и физички лица. Ќе се одвива во фази, по реони и теренски, станови, куќи, по населби, деловни објекти и градежно и земјоделско земјиште што подлежи на оданочување.

Репроценката се врши и поради легализацијата на нелегелниот имот.

Според Дејан Проданоски, претседател на Советот на општината, со репроценката ќе се зголеми приходот на општината и со тоа ќе може да се креира солиден буџет за капитални инвестиции. 

Loading