НИЕ МОРАМЕ ДА СЕ БРАНИМЕ

Во  статутот на НАТО  пишува дека нема обврска да ги решава внатрешните проблеми на своите членки. Но, што ако утре уставните Бугари и Албанци решат да ја поделат Македонија со помош на своите матични? Затоа, самоуништувањето на Македонија е најдобро решение за НАТО и ЕУ.

Стројници од меѓународната глутница, неканети натрапници со невидена леснотија даваат акал. Семоќни и лукави до бескрајност, ама не во реалноста туку во фантазијата на тие што веруваат во нив. Онаа Европа од 1913 година нé распарчуваше, сега повторно и целосно, со помош на домашните подлизурковци и предавници, капитулантски сака да не ликвидира. Нивниот челник Јоханес Кан препорача “балкански методи” да се забрза погребот од Преспа од 2018 година. За тоа се погрижи окупаторот Заев па го  смени името, ја укина придавката македонски, а и им ја подари на  македонската најбогата антика на Грците. Сонот за обединета Македонија е неможен ниту на сон. Меѓународниот претставник Фуере во Преспа изјави: “Ова никогаш не би и го направил на мојата земја!”. Тоа е мазохизмот кај нас (именуван според германскиот барон Мазох) кој всушност дефинира еден подсвесен дефект на самоуништување. Ние апсолутно сме за  неуропсихијатриска опсервација.

Ја сакам Европа на Шекспир, Бајрон, Иго, Гете, Волтер, Русо, а не Бриселската Европа кои нé газат под нозе. Еден ден Европа и нивниот Заев  ќе платат за тој нациофашистички геноцид.

Кочо Рацин ни рече: “Силно светнал ден”. Тоа за нас не било пишано. Во таа блудница вавилонска ќе станеме безлична маса. Македонските шиткачи сами си презедоа обврски во перверзниот “француски предлог”. Немало македонски дијалект надвор од границиве на севернава територија, вели надворешнит министер. Ако го отераш по ѓаволите, значи дека ти си албанофоб. Ченто знаеше да му каже на Темпо каде му е местото. Денко Малевски напиша: “Подобро наведната, отколку скршена кичма”. Исправената кичма да ти била измама за гласови. Што ќе се случеше со Македонија, ако нашите партизани одеа по ваквата дефектна логика?

Растев во мрак и тишина кога  стануваше збор за Ченто. Моравме  да ги почитуваме неговите џелати. Денес се брише антифашистичкото минато на македонскиот народ, а фашистите стануваат администратори. Измеќарите се откажаа од македонското малцинство во Бугарија, а бугарашите да добија државотворен статус во Македонија. Само Македонците отидоа по ѓаволите и да не можат да го искажат своето национално чувство. Граѓаните нема да останат должни на сето ова.

ПРИМ. ДР. Б. (ВАСИЛ) ДАМЕСКИ

Loading