КРУЖЕН ТЕК ПРЕД ЦК „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Идниот месец тргнува градбата      

Околу 80 илјади евра ќе вложи локалната самоуправа за изградба на кружен тек на сообраќајот на крстосницата на булеварот “Гоце Делчев” со улицата “Кузман Јосифоски”, односно кај ЦК “Марко Цепенков”. Во тек е процедурата за избор на изведувач.

Градоначалникот Борче Јовчески вели дека ќе се растовари сообраќајниот режим во овој дел од градот.

Тој рече дека се рехабилитирани 8 улици од предвидените шеесетина и дека асфалтирањето е во тек. Од планираните 80 илјади м2, асфалтирани се засега над 18 илјади м2.

Јовчески кажа дека по многу години се гради водоводна линија до манастирскиот комплекс Трескавец. За проектот се одделени три милиони денари од локалниот буџет, а водоснабдителниот систем за манастирот чини 100.000 евра, предвидени од Светската банка преку ТАВ Македонија.

Loading