ТИЕ НЕ СЕ ЖРТВИ, ТИЕ СЕ КУКАВИЦИ

Во Клиничкиот центар во Љубљана Тито кажува досетка за Македонија. “Нејзините соседи посакуваат од  “златната рипка” да им ги исполни желбите. Гркот бара голема поплава во Македонија, Бугаринот бара земјотрес, а Албанецот вулкан. Солун е веќе поплавен, Софија се тресе, а Тирана вулкански гори. Што стори рипке? Извините, гледав стара карта на Македонија”.

Историјата што ја пишуваат овие никој не ја чита, тие што треба ја знаат онаа другата. Ништо не е толку лажливо како желбите и толку неизвесно  како вистинското значење на нивното исполнување. Ќе се уверат дека човекот не ги разбира и своите желби.

Ние сме единствена држава која наместо да создава херои, ги брише од историските читанки. Само примитивни и недокажани луѓе предизвикуваат распаѓање на својата држава. Нивниот живот е како погрешно закопчана кошула. На крајот сваќаат дека на почеток направиле грешка. Има ли во Европа држава со непризнаен народ, непризнаено малцинство, историја и јазик, освен Македонија? Дрското мешање во Уставот на Македонија е ѕверска агресија врз Македонија. Нашите не крвареле да нé не признаваат. Историјата не простува. ЕУ е дел на неевропското однесување. Само белиот лебед може да го одвои млекото од маштеницата. Промената на уставот е само прифаќање на поразот, признавање на немоќта, паѓање. Волјта на народот целосно се разликува од концепсијата на владеењето. И понатаму ќе следуваат удирање на четки од некои членови од ЕУ. Вечни и постојани се само нашите национални интереси. Наша должност е тие интереси да ги застапуваме.

Французите на своите народни предавници им ги сечеле главите на гилотина, Англичаните ги бесат во подруми, Србите ги колат каде ќе стигнат, Хрватите ги негуваат како национално богатство, а ние ги ставаме да бидат власт! Во оваа држава владеат странци, а ние сме странци во својата држава. Театар на апсурдот во кој ЕУ глуми проширување, а Македонија божемски се реформира.

П.С : Народниот херој Раде Кончар пред неговото бесење изјавил:

– Не барам милост, затоа што и ние нема да имаме милост спрема ниту еден од вас.

ПРИМ, ДР  БЛАГОЈА (ВАСИЛ) ДАМЕСКИ

Loading