ПРИЛЕП И МАКЕДОНИЈА ЗА ГОРДАНА И ВМРО – ДПМНЕ

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, е новиот претседател на Македонија. Таа е првата жена претседател на државата. Според првичните партиски неофицијални резултати од вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај, Давкова доби мнозинство од гласовите и имаше убедлива предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој и ја честита победата. 

 Според, партиските извори ВМРО – ДПМНЕ убедливо водство имал и на парламентарните избори. До затворање на весникот во средата вечерта, Државната изборна комисија (ДИК)уште не ги соопшти првичните резултати од гласањето добиени по електронски пат.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги оцени двојните избори – вториот круг од претседателските избори и изборот на пратеници дека биле фер и демократски и дека е постигнат цензусот за избор на претседател.

За атмосферата и поддршката сведочи фото галеријата.

Loading