ПЕНЗИОНЕРСКА ДРУЖБА ВО МАНАСТИРОТ КАЈ ПИСОКАЛ       

Околу шеесетина пензионери и поддржувачи на борбените традиции од НОВ од Скопје, Зелениково и Студеничани со букети цвеќиња, оддадоа почит на паднатите прилепски борци чии мошти се положени на Могилата на непобедените. Во организација на Здружението на инвалидските пензионери се поклонија и на десетте бисти на Алејата на народните херои. Претседателот на прилепската боречка оргаизација Рубин Белчески ги информира дека Прилеп е одликуван со орден – град херој, од маршалот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито.

Гостите го разгледаа градот и денот го продолжија во убавините на манастирот Св. Илија во месноста Писокал. На почетокот од прилепско Мариово уживаа во прегратките на расцутената природа, уредениот манастирски двор и тишината, нарушена од песните на славеите и птиците. Скоро сите првпат ја “допреа” дивата негибната убавина. Поради воодушевувањата од пролетниот амбиент најавија семејни повеќедневни посети на, според нив, новата туристичка мека во прилепско.     

Им годеше и посниот ручек  на чист воздух во манастирскиот двор.

Loading