Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при престојот во Прилеп, истакна дека покрај позитивното мислење од сите институции оза пштинските обврзници, за жал, владата го сопира процесот, за да го ископира тоа што го најавија општините и да даде граѓанска обврзница.
-Тоа беше проект иновативен и креативен, почнат од општините каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, меѓу кои и Прилеп. Тој процес е почнат и завршен. Одредена е фазата на позитивни мислења на институциите. Кога тоа го виде владата, ги сопре, не дозволи процесот да продолжи, покрај тоа што доби позитивни мислења од сите институции. Така одлучија да издадат државна обврзница за граѓаните – истакна Мицкоски.
Тој додаде дека и граѓанската обврзница е добра, ако парите се користат за капитални инвестиции.
– Но, тие пари ќе бидат украдени од клановите на власта – потенцираше Мицкоски.
Најави дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ планира сериозен инвестициски циклус од 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции на локално ниво.
– За Прилеп се планиран 8 – 8,5 милиони евра на годишно или 32 – 35 милиони евра за еден мандат. Тоа се пари за капитални инвестиции надвор од буџетот на општината, директно од државата за подобар живот и услови на прилепчани – кажа Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
![]()

