И ЖРТВИ И ЏЕЛАТИ ВО УСТАВОТ

Начекаа село без кучиња, па сакаат да бидат и државотворни и бинационални. Беа и фашисти, и балисти, и терористи. Политички манипулации и празни зборови. Зарем толку зло има во луѓето. Лудост. Оние кои убиваа да владеат над поколенијата на жртвите да се слават како херои.

На конференцијата во Версај, по Првата светска војна, на маса беше и жална Македониј. Италија понуди за Македонија само автономија. Англија само културна автономија. Франција беше против двата предлога. Солидарната Франција која испраќаше ќебиња на кутрите јужноафриканци заразени со дифтерија и вариола вера. Со Версај и Букурешт, Македонија беше поделена на три дела. Черчил нишанеше со напалм бомби во Беломорието. И како лозје бевме берени не еднаш во годината.

Формалните декларации за поддршка никогаш немале тежина за сериозност. Останувале некорисен лист хартија. Најдобар сведок е пресудата на меѓународниот суд во Хаг, според која Грција немаше право да бара промена на името. Пресудата беше бесрамно прескокната и практично прогласена за ништожна. Западот го закла името во Преспа во 2018 година и се изврши апсолутно идентитетско бришење на Македонците и Македонија. Го најдоа велепредавникот Заев. Станавме плен на странска доминација и домашно морално распаѓање. Историјата порано или подоцна, секогаш ја казнува лекоумноста.

Лидерите на Индија го изедначуваат националниот интерес со моралната чесност. Народот во Индија со силата на својата култура остана непробоен за странски влијанија.

Зарем на човек ништо не може да му се даде, а да не му се земе нешто друго, многу позначајно од даденото. Каде е границата меѓу зачувувањето на сопствената власт и онаа опстанокот на народот. Европа се наоѓа во чуствителна фаза чиј исход ќе го проголта секој регион кој нема да учествува во нејзиното обликување. Наивното е влегувањето во стапица со барање на тапија на други држави на македонскиот идентитет. Од идејата за заштита на малцинството од мнозинството, дојдовме до класична тиранија на малцинството над мнозинството. Македонија ќе се доведе до ситуација да финансира и поттикнува антимакедонска култура, историја и традиција. Иронично, со законска обврска за негирање на македонскиот народ.

Најверојатно разбрале дека само разграбувањето и изумирањето на државата е единствена трајна гаранција за нивниот опстанок. Можеби е подобро некои работи да стојат в место, отколку да одат во погрешна насока без враќањет.

ПРИМ.  ДР.  БЛАГОЈА (ВАСИЛ ) ДАМЕСКИ

Loading