ЌЕ ИМА, ЌЕ НЕМА… ПИВОФЕСТ?!

Дваесет години, не само прилепчани, туку и македонската јавност, тука би ги додале и нашинците од дијаспората, знаеја дека првиот викенд после верскиот празник Петровден и завршувањето на постот, во градот под Марковите кули се одржува фестивалот на пивото и скарата, познат како Пивофест. Една седмица пред вообичаениот и востановен термин, ниту ние новинарите, уште помалку граѓаните, не знаеме ќе има, или ќе нема насладување со пиво и мезење на вкусна скара. По минатонеделното соопштување на Фесјбук од профилот насловен Пивофест дека заради немање поддршка од бизнис секторот и оградувањето од локалните власти дека тие не се организатори, туку само помагатели на манифестацијата, никој не знае каква ќе биде судбината на манифестацијата која две децении го промовираше и му носеше пари на градов. Наспроти идејата дека некаква си форма на одржување сепак ќе има во август, до затворањето на весникот (среда) ниту ни беше потврдена ниту демантирана неофицијалната намера од локалните власти. Заради зафатеност на челниците, останува дилемата ќе има ли пиво фестивал, во каков обем, кога, каде…

Со реакција се јавија и од опозициската СДСМ. Тој го вперуваат прстот и кабаетот за одложувањето на пивофестивалот во градоначалникот, кој, според нив, не бил способен да раководи со градот.

Официјалнно нема ништо ниту од здружението, фирмата, која стои зад профилот Пивофест на фејсбук. Не објаснуваат зошто фестивалот се одложува.

Магичен круг, во кој вистината испарува… Ќе има, ќе нема Пивофест, ќе има ќе нема… Дајте цвет од боливач, можеби тука се крие одговорот?!

Loading