ЗОЛВИНИ ПРОВОКАЦИИ НА НЕВЕСТАТА

Паметно селско девојче се омажило во нечес­тита фамилија во соседното село. Таму имало золви со понижувачки карактер спрема другите луѓе. По свадбарски адети, невес­тата дошла во новиот дом. Во собата полна со гости, се пиело, играло се веселело со музика.

Пред да легнат младите, золвите порачале оро. Го фатиле до нив и братот, зетот, а до него и невес­тата за провокација. Штом тргнало орото, золвите сакале да ја исплашат невестата пред спиење. Запеале на си­лен глас:

Бате наш, силен маж,

алат му е педа ипол,

тешко незе ко влезе,

лесно нема да излезе!

Кога  слушнала невестата, им вратила:

Сната ваша не се плаши,

место има за две педи,

кој што сака да се увери,

мојто момче ќе провери!

Невестата иронично се насмеала, си го фатила момчето и кинисале в кревет на спиење.

Кога го слуш­­нале свекрвата и золвите невестиниот одговор, ги наведнале главите и се засрамиле. Спласнала и веселбата.

Свекр­вата се подбрадила од срам. Една по една, золвите со свекрвата í се извиниле на невестата. Благодарение на табиетот на невестата, се сменил карактерот на куќата. Фамилијата станала угледна во селото.

Loading