ЗА 100 ГОДИШНИНАТА – РИБИЧИЌ ГИ ПРЕНЕЛ ПОЗДРАВИТЕ ОД ТИТО 

150 години Тутунски комбинат Прилеп (7)

На свечената прослава во септември 1973 година, по повод 100 годишнината од постоењето на Тутунскиот комбинат,  присуствувале Митија Рибичиќ, член на Претседателството на СФРЈ, Никола Минчев, претседател на Претседателството, Анѓел Чемерски, претседател на СКМ, потоа високите функционери во Федерацијата и во Републиката, Лазар Колишевски, Крсте Црвенкоски, Киро Глигоров, Бошко Станковски, Ксенте Богоев, Злате Билјаноски, Вера Ацева, Страхил Гигов, Трпе Јаковлевски, Блаже Конески, Васил Гривчев, Благоја Талески, Кирил Миљоски, генерал потполковниците Тихомир Шаревски и Пецо Пепељугоски и Архиепископот Охридско – Македонски г. г. Доситеј и др. Тутунскиот комбинат добил честитка од Претседателот на Сојузниот извршен совет Џемал Биедиќ. Рибичиќ ги пренесол поздравите од покровителот на јубилејот, Претседателот Тито. 

Биле пуштени во работа фабриката за ацетатни стапчина и новата технологија за ферментирање на тутунот (Ферм завод) и Спортската сала.

Тутунскиот комбинат е добитник на голем број признанија, Орден за заслуги за народ со златна ѕвезда, како и општинската Деветосептемвриска плакета.

Постоела и иницијатива и одлука за подигање на Споменик на тутунарот. 

Loading