СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕТО И ИСКУСТВОТО

В болница

Веќе подолго време в болница се спроведува циклус на континуирана едукација преку предавања и споделување искуства меѓу докторите и медицинските сестри на различни теми и состојби во медицината.

Деновиве, примариус Др Илија Јованоски, специјалист ортопед пред младите доктори зборуваше за итните состојби во трауматологија и ортопедија. Претходно, за епилепсијата, напади и улогата на медицинската сестра, говореше дипл. мед. сестра Диана Јоновска од единицата за интензивна нега од Одделот за неврологија и психијатрија. За декубитот како здравствен, социјален и економски проблем, за причините за појавата, превенцијата, лекувањето и преврските предавање имаше дипл. мед. сестра, Гордана Мојсоска – инструментарка во хируршката операциона сала.

Дополнителна едукација за ургентните состојби во медицината имаа сите екипи кои учествуваат во пренесувањето на болните од една до друга установа.

Практични вештини, постапки  и болнички процедури за “Конвулзии во детска возраст” одржа дипл. медицинска сестра Мартина Кочоска, а за “Пласирање на назогастрична сонда “ медицинска сестра Елена Рујаноска.

Пред новопримените медицински сестри, а по планот за доедукација и обновување на знаењето, за најтешките и најургентните состојби со интензивната нега искуството го сподели Татјана Гнип Катароска, главна сестра на службата за анестезија и реанимација. Во предходниот циклус предавања за докторите имаше и д – р Валентина Стојаноска Тодороска.

Д – р Радмила Јованоска Арапиноска, специјалист педијатар од прилепската болница, а на субспецијализација на детска кардиологија, имала предавање за ургентни состојби во педијатријата.

Едукациите продолжуваат.

Loading