МИРНО ДО 15 ЈУНИ

Фудбал: Победа

Екипата Победа е на одмор, по отпаѓањето од Првата лига. Засега се е мирно, без информации за заминати, дојдени или останати. Извесно е само заминувањето на странците (Србите Огњен Ѓурковиќ, Миодраг Петковиќ и Василије Делибашиќ, Израелецот Салеем Фавахри и Нигериецот Амос Дадет). Се појасно ќе биде по стартот на преодниот рок, на 15 јуни, со траење до 6 септември.

Подготовките би требало да почнат кон крајот на јуни.

Loading