ПРИЛЕП ОСТАНА СУПЕРЛИГАШ

Ракомет

Иако има уште едно коло до крајот на плеј-аут натпреварувањето, Прилеп веќе обезбеди опстанок во Супер лигата. Екипата и наесен ќе биде суперлигаш, со оглед на освоените бодови (22), недостижни за шестопласираниот Јуниор КВ (18), имајќи предвид дека петте тима од горниот дел на табелата остануваат, шестиот игра бараж, последните две отпаѓаат. За ова дефинитивно да се постигне битен е последниот резултат Куманово – Прилеп 28:28. Прилеп имаше шанса и за трите бода, но доволен е и едниот. Најефикасни: Давор Шокоски 7 гола, Лео Дамчевски и Реваз Чантурија по 6, Последното коло е само формалност, дома со Голден арт.

Табела: Голден арт 33, Струга 27, Куманово 24, Прилеп 22, Скопје 21, Јуниор КВ 18, Вардар 16, Радовиш 2.

Loading