МИТИНГ ЗА 85 ГОДИШНИНАТА

150 години Тутунски комбинат Прилеп (7)

За одбележувањето на јубилеите, постои Монографија по повод прославата на 85 годишнината на Тутунскиот комбинат. Во неа стои податок дека Претседателот на СФРЈ Јосип броз Тито ја примил делегацијата на комбинатот. Се одржал и митинг за време на прославата. Учествувале повеќе сојузни и републички општествено – политички, културни работници и стопанственици. 

Во весникот “Тутунски лист” од април 1982 година, во текстот “Местото и улогата на тутунот за прилепскиот регион”, тогашниот генерален директор инг. Агр. Мате Волнароски изјавил дека се вработени околу 3.500 работници кои придонесуваат Комбинатот во вкупното производство на тутун со 85% во СРМ и 76 % во производството на цигари.

“Со производство на тутун во регионот на Комбинатот, се ангажирани преку 70.000 жители, што претствува 20% од вкупниот број на ангажираното население во тутунското стопанство на СРМ. Овие показатели јасно зборуваат за големината на оваа стопанска организација од тутунската гранка од нашата земја. Тоа е резултат на неговата комплетираност. Во неа се застапени сите дејности: производство, обработка и фабрикација, опремени со најсовремена опрема, висока технологија и високо стручен кадар. Со високо образование се вработени преку 150 кои даваат голем придонес во осовременувањето на тутунското стопанство. Тоа е најреалното гледање за големината на овој индустриски гигант” – стои меѓу другото во текстот објавен во “Тутунски лист” од април 1982 година.

Loading