ШТО СЕ КРИЕ ВНАТРЕ ВО ЧАРШИ-ЏАМИЈАТА?

Сограѓаните реагираат

За Чарши-џамијата многупати е пишувано дека е најголемиот срам за Прилеп, по нејзиното опожарување во 2001 година. Наместо споменик на историјата, руина среде  в град. Тоа гледаат и прилепчаните и од гостите, туристите под саатот.

Било  бетер, од лошо полошо. Грозотијата е внатре во џамијата!

– Човек да се вџаши, да му се згрози. Преполно е со човечки измет. Се начекуваат луѓето меѓу себе кога ги стегнал зорт, маката да се олеснат. Секој ден влегуваат, не им се знае бројот. Немаат каде. И јас одам кога морам. Немам чаре, што да правам, кога  нема јавни тоалети. Имало во пазарот, ама таму било заклучено. Нема јавен тоалет. А мора да има како во секој друг град. Во Битола има тоалети на неколку места. И овде треба да ги има, со знак каде се. Нека се наплаќа, само нека ги има низ центаров – револтирано зборува еден од сограѓаните.

“Врие” кучиња  во близината на Чарши-џамијата. Не само скитници, ами и водени од сопствениците.

– Врие од кучиња. Само шетаат, лаат по луѓе насекаде, па и низ центаров. Насекаде кучешки измет, валканици. Џабе градот е убаво среден со паркови и клупи, кога се прави ваква нечистотија – реагираат од околината.

Loading