МАШИНИ ЗА СЛИКАЊЕ

ВМРО – ДПМНЕ        

Општинската организација на ВМРО – ДПМНЕ реагира дека на местото каде Димитар Ковачевски и Артан Груби пред некој ден организирале приватна забава пред камерите, нема ниту работници, ниту машини за градба на милијардерскиот автопат, за кој веќе се исплатени пари.

Во соопштението стои дека Ковачевски, познат по бегањето од дебата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, даде до знаење дека коридорите ќе чинат повеќе од 1.3 милијарди евра и дека не постои ниту основен проект за градба.

“Јавноста заслужува да знае колку пари досега се платени за проектот, кој освен за сликање на функционери од СДСМ и ДУИ, нема ништо друго. Јавноста заслужува одговор на прашањата, колку пари беа потрошени за циркусот од пред некој ден во близина на Прилеп? Како е можно да се ветува отпочнување со градба на нешто за кое нема ниту основен проект? Каде испарија багерите кои служеа само за снимање на реклама на Ковачевски со која се замајува народот по социјални медиуми”?

Понатаму во соопштението пишува дека граѓаните се свесни дека Македонија сега е водена од најнеспособната, најкриминалната централна власт, која не работи апсолутно ништо за подобрување на животот.

“Криминалот нема да го исперат со кршењето на закони, со суспендирањето на собранието или со фрлените пари за гол маркетинг и популизам. Неминовен е поразот на следните парламентарни избори. Очајните обиди се уште еден доказ дека ќе бидат збришани на избори. После следуваат одговорите на многу прашања, следува одговорност од која нема бегање”.

Loading