УЧЕНИЦИ ЈА ОТКРИВААТ АВТЕНТИЧНОСТА НА МАРИОВСКАТА НАРОДНА НОСИЈА

Заводот и музеј со проектот, Мариовските народни носии – сега и овде  ги едуцира учениците од училишна возраст. Тие се запознаваат со македонските народни носии преку визуелно креативно учење, конкретно за мариовската народна носија со посебна специфика. Предвидени се презентација на носијата со продолжување на едукативно-креативни часови, каде секое дете според своето креативно размислување ќе изработува хартиени кукли “мариовки”.

-Во првата фаза е запознавање  за македонската народна носија по реони, со акцент на мариовската народна носија и спецификите за распознавање, кога и за кој повод е користена, намената и начинот на чување, разликите меѓу, машка и женска. Во втората фаза ќе биде изработката на хартиени носии од печатени шаблони со сечење, боење и лепење, доцртување и прилепување на орнаментика, според креативноста и имагинацијата. Третата фаза е изложување на креациите и доделување на благодарници. Почнавме со предавања за “Автентичноста на мариовската носија” со сите нејзини впечатливи атрибути во ОУ “Кочо Рацин” во 2 и 7 одделение и СОУ “Ѓорче Петров”, текстилно – кожарската струка/техничар за изработка на облека. Предавања ќе има и во гимназијата “Мирче Ацев” и СОУ “Ристе Ристески – Ричко” – вели м-р Маја Ралева Миладиновски.

Loading