Музичко сценскиот спектакл
Танцовото студио за современи изведувачки уметности “Зодијак” утре во во ЦК “Марко Цепенков” ќе ја прикаже претставата за деца и млади “Пепелашка”, премиерно изведена лани.
Со поставувањето на текст од светската драматургија за деца и млади, се афирмира дело од странски автор на сцената, се стимулира македонското музичко творештво со нови музички аудиоизданија на поставки на македонски јазик, кои се покажале професионални и квалитетни продукции и ја будат љубопитноста кај младата популација. Се промовираат вредности од периодот на пишуавање, како почитта, љубовта, еднаквоста… Ќе може да се ужива во бајката, проткаена со безброј случки, емоции и убави певливи песнички на македонски јазик, убави разиграни кореографии и мизасценските решенија и колоритните костими.
Преводот е на Благојче Николоски, драматизацијата, адаптацијата, режијата, костимографијата, сценографијата, кореографијата, куклите и сонговите на Кире Миладиноски, а музиката на Алан Менкен и Томе Темелкоски.