ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (190) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со доаѓањето на василичарите кај Ѓорѓија затекна два зетови, седат на поставената трпеза со дедото Илија Котески. Зетовите се Дојчиноски Душан од с. Бонче, момче на Илијовата ќерка Писана и Трајкоски Трајко од Чумово, зет на Илија за ќерка му Калина. И двата зетови имаа свои роднини по татковците. Дојчиноски Душан е од сојот, родот од с. Марул од Гулабовци и негови стари роднини се Велјановци, Димитријовци, Стевановци, Котеска Ќиројца Роса, Петреска Ванчојца Веселка кои се со Душан седмо поколение. Истото важи за Велјаноски Ванѓел и Благоја за Новачески Живо и Стеваноски Живко.

Додека помладиот Илиев зет Трајко Писокалецо си има своја роднина. Велјаноска Ванѓелица Неда Писокалска чумовчанка му е тетка на Трајко, на татко му прва брачеда од стрико, Петреска Димитрица Драгица Бабјакоска Писокалска му е на Трајко втора брачеда од два први брачеди. Митрески Јованче, Степан, Мите и Цветан на Трајко му се стричеви на татко му Ристе втори брачеди од први брачеди. Додека по Трајкојца Калина ги има многу роднини и се поштоват. Котевци, Дамјановци, Јанковци и Мурџевци се стари деленици како Јолевци, Стевановци и родството го држат преку нунчевци и девери.

Василичарите кај Ѓорѓија ги направија сите церемонии, од цив пиле, викање за Василица, пржење колбавчиња. Се слушна веќе колбасите надвор се дава, делач е Димитрија Бабјак. Ѓорѓија му е вујко, на мајка му прв брачед од стрико. Василичарството кај Ѓорѓија беше дочекано со почастено со пијалок вино и ракија, развеселена куќата со викотници за Василица со ора и песни.

Василичарите ја напуштаат Ѓорѓиевата куќа понудено со колбавчиња одат кај Таневци Ристевци. Кај Ристевци има гостин, зето Јаковче Аџиоски од Чумово. Јаковче е зет за ќерка на Ристе Танески за ќерка му Спасија едина му ќерка.

Јаковче Аџијоски има роднина во Марул, за него најверојатно непознато. Некогаш во 1790-та година марулското ергенче се оженува за Џингоска Петра од Чумово во тоа време Џинговци. Велковци и Аџијовци живееле во заедница. Петра и Гулаб родиле две деца во 1795 се родил Божин, а во 1797 се родил Младен. Од детето Божин во Марул се Велјановци, Новачевци и Стевановци кои имаат продолжеток на лозата од Гулаб до десетто поколение.

Помалиот син на Гулаб, Младен оди домазет кај Џомовци во Прилепец. Младен имал три деца Димитрија, Саботко и Трајко. Потомството од Димитрија не се размножило, немале со невестата деца. Саботко има потомство, денешните Саботковци од Прилепец кој има лоза до десетто поколение. Потомството на Трајко се денешните Дојчиновци во с. Бонче по лозата на Тодор и нивната лоза е до десетто поколение. Гулабоски Младен го прекинал кумството од татко му Гулаб поблизу си фатил нунчеви од по родството по мајка му Петра Џингоска од Чумово односно од Велковци кој и ден денес е нунчеви кај Саботковци. Поради не си добиле некои подетални сознанија во која редоследна лоза е Јаковче останува таа дилема нерешена. Јаковче Аџијоски и Душан Дојчиноски се род по Џинговци од Чумово, дали тие си знаат или не знаат, тоа е нивна работа.

Кај Таневци Ристевци Јован е главниот домашин, во куќата развеселено, василичарите пречекани како што доликува. Децата со изведено цив пиле со викот суро, печење колбаси, гајдата пишти со ора и песни. Јован го води орото Куцано, до него зетот Јаковче. Виното и ракијата од рака до рака. Децата со ражените пополнати со колбаси излегуваат, осетија да делачо на колбасите Јанкоски Китан ги подарува во дворот со колбаси. Василичарите ја напуштаат Ристеската куќа и одат кај домаќинот Танески Димко. Димко беше домаќин со државен мандате марулски одборник исто така имаше ќираџии во Кулата, имаше ќираџии Димо Влаво беше подстанар фамилијарно.

Василичарите пречекани со сите почасти. Децата како деца, си ја тераа својата работа со цив пиле, пржење колбаси, викање суро. Постарите василичари пречекани со пијалок, вино и ракија. Димко ја зеде гајдата од Алексо, направи неколку ора. Штиците од душемето се тресат, весела куќа и весел василичен ден, сончев. Започна на излезот од куќата на чардакот да се прават колбасите. Послужувачи беа Танески Ќиро и војникот на отсуство Митрески Богоја Мурџески. Ќиро беше главниот делач додека негов другар. Сите василичари кои примија колбаси во дворо беа пречекани од фамилијата на Димо Влаво со големо изненадување со подарок питулици – мекици пржени во тава. Секој василичар до голем или мал добиваше од тепсијата една питулица набодена на вилушка. Се зема питулицата на салветче и заминува, вилушката останува кај послужувачо.

Се согласиле фамилиите од Димо и Томо, направиле утрото еден шиник питулици, мекици, ги поделиле на два дела за да бидат послужени марулските василичари. Во чест за празникот Василица и како задушница за умрените новороденчиња, деца некрстени погребани кај марулските некрстени деца во предело зад марулската црква.

Василичарите кои прима василичарски подарок од влашката фамилија во дворот кај Димко одат кај Таневци Мицевци Димковите комшии. Кај Мицевци беше истото домаќинство со пречекот на василичарите почестени децата со цив пиле, суро, пржење колбаси во печката, вино и ракија за гостите василичарите, музиката, песните и ората се одвиваат нормално со голема веселба.

Кај Мицевци имаше гости странци, зетовите Раде Вишиноски, момчето на Пауна од с. Алинци, прилепско и Димче Толески од Чумово, новиот зет, момчето на Грозда. Раде нема некоја крвна рода во Марул освен двата Вишиноски роднини соселани Блаже и Пецо. Блаже и е момчето на Илинка Трајаноска Танеска и Пецо момчето на Марија од Јованче Мурџески. Додека Димче Талески има повеќе роднини во Марул. Велјаноска Ванѓелица Неда му е тетка на мајка му сестра. Петреска Димитрица Драгица му е втора брачеда на Димче од први брачеди по родо на Писокалците во Чумово.

Василоска Миланица Аргида од Перковци од прилепско Алинци му е тетка на татко му на Димче прва брачеда Тодорица Цвета Перкоска му е тетка на Илија прва брачеда, тетка на Димче. Но, исто така Колески Ќире од Марул на татко му на Димче му беше мал девер на венецот при венчавката не по крвна рода од големо поштовање меѓу себе доваѓа до светијованство со размена на куќни гости на Велигден во Чумово и во Марул на Мала Богородица. Додека куќната слава на двете домаќинства му е Св. Никола зимен.

Некој си летен ден во сено косење во 1926 година браќата Толески Божин и Никола од Чумово косат сено во ливада во местото мислам се вика Јосивица поред патот Штавица – Прилеп. Српските власти и џандарите доваѓаат од кај Штавица. Божин пушач тутунџија строго забрането да се користи тутун за пушење качак. Во косењето Божин ги забележа џандарите и тие него, кутијата со тутунот ја фрлил во редовите на косената трева. Но, кутијата светнала на сонцето, џандарите право на кутијата и ја извадиле од под косената трева. На судот го казниле со голема казна рамно на ѕевгар волови. Божин разочаран од Првата светска војна. Неговите два браќа Крсте и Ѓорѓија загинуваат во војната без поштук да се знае за нив. Крсте женет за Злата Мишеска ја остави со четири деца сирачиња Веле, Методија, Неда и Сребра. Ѓорѓија ја остави својата жена Илинка Сејменоска од Бонче со едно дете, Борис сираче. Крстејца Злата умира, четирите деца сирачиња остануваат на рацете на стричевите Божин и Никола.           

Продолжува

Loading