„ЗЛАТНО МЛЕКО“ ЗА БОЛНИ ЗГЛОБОВИ

Неугодностите во нозете, рацете, грбот, како и проблемите во зглобовите секој го искусил во текот на животот. Иако овој непријатен симптом е поврзан со возраста, почесто и младите имаат проблеми. Болката може да биде неподнослива, што не помагаат дури ниту лекови.

Лекот може да ја смири болката во нозете за неколку минути. Се препорачува при болка во зглобовите. Се приготвува дома. Состојките се лесно достапни. Ги има во секој дом. Природната паста ја викаат “Златно млеко”. Направена е од куркума, позната по антиинфламаторно дејство, и ѓумбир, познат како намалувач на производството на леукотриени кои предизвикуваат воспаление на зглобовите. Двете состојки се основни. Со додавање на црн пипер се поттикнува апсорпцијата на кукурминот во куркумата, како и кокосовото масло кое помага да се почувствуваат сите благодети на овој лековит зачин. Медот се користи како антиоксиданс и антибактериски агенс.

Потребно е 4 големи лажици куркума, лажица ѓумбир, 1/2 лажичка црн пипер, лажица мед или по потреба, лажица кокосово масло (органско), 10 лажици вода. Во подлабок сад се мешаат куркумата, мелен ѓумбир, црниот пипер, медот, кокосовото масло и водата. Добро се соединуваат до паста со густа конзистентност. Се чува во стерилизирана тегла. Се пие со мешање на една кафена лажичка од пастата со млако млеко. Лекот трае до еден месец.

Loading