80 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА АЛИ ФЕТИ ОКЈАР

Одбележување

Заводот и музеј в понеделник пригодно во библоитеката ќе ја одбележи 80 годишнината од смртта на Али Фети Окјар – “стреловитата мисла” – со потекло од нашиот град, кој бил премиер, пратеник, претседател на турското собрание, амбасадор на Турција, за кој неделникот Зенит објавуваше фељтон во десетина продолженија.

Пригодна реч за Окјар, во присуство на амбасадорот на Турција, ќе има советникот, историчарот Рубинчо Белчески. Тој е носител на проектот “Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк”.

Обраќање ќе има и внукот на истомисленикот на Ататурк кој го носи неговото име Али Фети Окјар, кој е професор на Универзитет во Истанбул.

Окјар бил воено лице, политичар и дипломат на Турција, роден е во Прилеп на 29.04.1880 година, од мајка Фатма Ханим и татко Јазиџи Исмаил Ефенди, како трето дете по братот Хусеин и сестрата Емине. Од 1894 до 1897 година учел во битолската воена гимназија. Веројатно таму било првото запознавање со таткото на модерна, Турција Мустафа Кемал Ататурк. Заедно ја продолжиле соработката. Окјар бил грамадна политичка фигура во турското општество по младотурската револуција од 1908 година и стигнал до премиерската позиција.

Манифестацијата е дел проектот за расветлување на ликот и делото на Али Фети Окјар во Прилеп, поддржан од Министерството за култура, при што планирана е и изложба.

Loading