СУДИЈА, СО ДАР ЗА ЧЕТКА

Постхумно, изложба на Весна Пајмакоска

Околу 50 дела се изложени постхумно на судијата Весна Пајмакоска во фоајето на ЦК. “Марко Цепенков”, десет години по нејзината смрт. Изложбата е насловена “Пролет”. Семејството ја исполнува желба за самостојна презентација на сликарскиот талент. Сликите се создавани во десетогодишно уметничко творештво како хоби додека таа била судија во прилепскиот суд.

-Весна повеќе не е со нас, но со нас е семејството, пријателите, сликите, кои го чуваат споменот. Многубројните слики, особено букетите ме разнежнуваат кога ги гледам – вели Сашо Попоски.

Отец Климент, Весна го потсетувала на бујна пролет, личност исполнета со наклонетост кон убавото.

– Низ делата се открива дека Весна се потпишувала како пролет. Цвеќињата, букетите, нема да овенат. Вечно ќе зрачат на ѕидовите и во спомените. Ќе потсетуваат како Весна ги доживувала и зачувала – вели отец Климент.

– Топлите бои на сликите потсетуваат на топлите прегратки. Раскошната убавина на сликите потсетува на твојата раскошна насмевка и убавина. Пролетта ме потсеќа на тебе и твојата креативност, пролет полна со цвеќе, живот полн со спомени. Недостасуваш – пишува Милена Јанакиеска.

Loading