ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (188) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Првите василичари односно децата од кај Горните Бошевци одат кај Долните Бошевци Ценовци. Кај Бошевци Ценовци имаше два зетови и тоа Штавичани. Постариот зет Васил Здравески Саљо е момчето од Горица, а додека новиот зет Благоја Неданоски е момчето на помалата Боризова ќерка, Ружа.

Баџанаците Васил Саљо и Благоја Делоски имаат прилично големи родбински контакти со марулски домаќинства. Здравески Крсте Саљо е женет за Јанкоска Вида од Марул. Го родила детето Трајан и умрела. Крсте Саљо се преженува и со втората жена го има детето Васил Саљо. Со Јанковци, Богдановци, Јолевци, Ладевци и си одржуват и поштуват како рода. Синот на Кртсе Саљо Трајан се жени за Таса Новаческа уште повеќе се проширува родата и со Велјановци.

Ристески Тане Танески е женет за Неданоска Менка Делоска, тетка на Благоја Делоски, сестра на татко му Јован Делоски. Благоја има први брачеди од тетка му Менка, Китан и Илинка Танески.

Јанкоска Алексојца Ѓурѓа покасно Блажејца му е ќерка на Богоја Делоски, прва брачеда од стрико на Благоја Делоски.

Дојчиноски Борис од с. Бонче е дојден домазет во Марул за Бошеска Цветанка сега дедото на зетовите Васил и Благоја е во роднинска врска преку родните куќи од Бонче и Кален со Јошески Блаже сега дојден домазет Јанковци односно Илијовци за Алексојца Ѓурѓа прва брачеда од стрико на Благоја Делоски момчето на Ружа Бошеска. За време склопувањето на бракот помеѓу вдовецот Блаже и вдовицата Ѓурѓа, Борис им беше голем девер.

Баџанаците Васил и Благоја помеѓу себе се сватови поради сестра му на Благоја, Трајана е мажена за Гоце Здравески Саљо, брат роден на Васил Саљо. Здравески Гоце му беше голем девер на Јованоски – Јанкоски Трајче на венецо при венчавката. На таков начин го одржуваат родството Јанковци од Марул со Саљовци од Штавица.

Само што дојдоја постарите василичари делењето на колбасите започна. Делач на колбасите беше Јолески Благоја. Така одлучила домаќинката продолжување на старото светијонство. Со осветувањето на марулската црква на 8 септември 1859 година при осветувањето на црквата биле крстени две машки деца Јанкоски Ристев Ѓорче и Колески Грујов Боше. Ѓорче и е татко на Доста, мајка му на Јолески Благоја. Боше му е татко на Марко, татко е на Цветанка Бошеска. Благоја Јолески стабилен човек со ред колбаси дели на малите деца му дава по две и за водачот негов само напоменува, старите луѓе не јадат, овие се за децата, прави лицемери пред децата, а уствари детето доби две без тоа да се сети нанижани на ражено, со тоа кај децата се ствараше големо задоволство.

Од кај Бошевци Ценовци Алексо Бабјак му ја предаде гајдата на Павлески Јованче, си отиде дома за да се припреми домаќински за пречек на василичарите. Василичарите од кај Бошевци Ценовци одат кај комите Чоневци.

Кај Чоневци за децата е рај божји, весело за гости поготово за вакви празнични денови. Децата прават цив пиле наземе и пред печката се пржат колбаси и со висок глас, суро, суро, суроо. Доваѓа и музиката гајдата свирач сега е Павлески Јобанче. Се развијаа весели ора и песни во кои се замеша и домаќинката Атанасица Илинка. Пак први свика децата, надвор се делат колбаси, делач е Јанкоски Китан.        

Продолжува

Loading