МОРКОВ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Постои природна маска за регенерација на структурата на коренот од косата што го стопира опаѓањето. Потребна е само една намирница. Најдобро решение нуди природата!

Постои рецепт за едноставна маска за јакнење на коренот на косата. Тој ја обновува косата и го спречува опаѓањето. Морковот е одличен извор на витамините бета каротен, витамин А, оти не дава само добар вид, туку влијае и на косата. Хранливите материи го подобруваат здравјето на косата, ноктите и кожата. Помагаат и во детоксикација на организмот, па и на создавањето на нови клетки.

На ситно ренде се рендаат неколку свежи моркови, па се масира косата во коренот. Да се олесни миењето, се нанесува само сокот од блендиран морков како каша. Се остава минимум 15 минути, а потоа добро се мие косата на вообичаен начин. Маската се нанесува пред миење, најмалку 5 пати по ред. Кога косата ќе зајакне, доволно е да се нанесува рендан морков еднаш неделно. Првите резултати се забележуваат по неколку третмани.

Loading