КАБИНЕТ ПО ИНФОРМАТИКА

Во ОУ “Климент Охридски”

Околу 160 ученици ќе стекнуваат нови знаења од информатиката во ОУ “Климент Охридски”. Промовиран е комплетно нов и уреден кабинет по информатика со 14 компјутери за учениците од шесто и седмо одделение и еден лап топ за наставникот. Станува збор за едуцирање на децата со најнова техничка и програмска поддршка за изборните предмети за програмирање..

За жал, училиштето располага само со еден наставник по информатика, поради дефицитарноста на ваквите кадри.

Loading