УТРИНСКА ЛИТУРГИЈА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО И ПОДАРОЦИ

На првиот ден  Велигден во црквата Св. Петка Римјанка во Точила

Во пресрет на најголемиот христијански празник, “Празникот над празниците” – Велигден со благослов на владикатаПетар, во храмот Св. Петка Римјанка во Точила првпат ќе се отслужи Божествена литургија утрото, на првиот ден Велигден, покрај полноќната воскресенска богослужба после полноќ. Верните прилепчани без разлика на возраст ќе може да присуствуваат во неделата (16.04.) од 9 часот. Литургијата ќе биде привлечна за децата. И тие ќе ја почувствуваат воскресенската радост, соединувајќи се преку причесната со Христа воскреснатиот. Доколку дозволат временските услови, литургијата ќе се служи под отворено небо, на платото пред храмот.

Се препорачува децата од мали нозе да се учат на пост, барем последните неколку дена пред Велигден. Повозрасните деца се препорачува, поучно да постат. Утрото пред богослужбата младите треба да бидат гладни и жедни, освен бебињата до едногодишна возраст.

Храмот подготви велигденски подароци за сите деца со помош на Витаминка и печатницата Ацетони.

Loading