МЛАДОСТ 96 Е НА ПАТ ДА ЈА ВРАТИ ТИТУЛАТА

Пинг-понг

Екипата Младост 96 со убедливи 4:2 го совлада скопскиот Телеком нец 2 на дербито од пингпонгарската Супер лига на Македонија. Ова е најдобар показател за силата на прилепскиот тим, за оправданоста на амбицијата да ја врати титулата државен шампион, првпат освоена пред две години.

За Младост 96 партиите ги добија: Антонио Стомнароски, Србинот Ѓорѓе Борчиќ 2 и Петар Костовски. Истиот ден беше и победата од 4:0 врз Кочани, со партиите добиени од Борчиќ 2, Стомнароски и Лука Огненоски. По ова, прилепскиот состав е прв на табелата. До крајот на првенството има уште 6 кола од основниот дел, по што е завршницата, плеј-офот.

Вториот прилепски тим, Младост, со 1:4 загуби од Крива Паланка, со 3:4 од Телеком нец 2. 

Табела: Младост 96 – 23, Телеком нец 2 – 22, Крива Паланка 2007 и Берово 20, Шампион ФА 17, Младост и Работнички 16, Крива Паланка 14, Рисови 12, Кочани 11.

Прилеп оди кон Првата лига

Екипата Прилеп извојува две победи, со Хепи од Кочани 4:2 и со Саса од Каменица 4:3, во Втората лига. На првиот меч партите ги добија Александар Штаргоски, Бојан Базерковски 2 и Рубинчо Ристески, а на вториот Штаргоски 2, Бранимир Димков и двојката Штаргоски/Звонко Тодороски. Прилеп води на табелата со максимални 16 бода.

Последниот меч е дербито со Студент од Скопје.

Loading