КАКО ДА СЕ ПОБЕГНЕ ОД ДНОТО?

Фудбал

Кога е во прашање Победа, тешко некој од возрасните навивачи да се сети од минатото на нешто слично како денес. Порази, порази, порази… Прво беше само една победа и дури шест пораза во подготвителниот период, потоа уште шест пораза во првенството. Ниту еден освоен бод. Навивачите беа сведоци на последниот дебакл со 1:5 дома од Силекс. Но, среќа во несреќата е што уште постојат шанси за опстанок во Првата лига (преку бараж). Достижно е 10. место каде што е Скопје, со бод предност. Претстои првенствена пауза до 2 април кога е гостувањето кај Шкендија во Тетово.

Табела: Струга 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 14, Победа 13.

Loading