ДЕРБИ ВО ТЕТОВО

Кошарка

Еден од поинтересните мечеви во кошаркарската Трета лига Б-група е викендов во Тетово. Водечкиот Мега баскет од Прилеп му гостува на второпласираниот Тетекс. Прилепчаните се толку надмоќни во првенствово, што им успеа да победат на сите 12 меча. Им се сметаат 11 победи, поради исклучувањето на скопскиот Албес. Последен со 99:84 настрада ИБА баскет од Скопје, во салата од ОУ “Добре Јованоски”. За Мега баскет е подготовка или загревање за плеј-офот, каде ќе се води битка за пласман во Втората лига. Дотогаш се уште три меча.

Табела: Мега баскет 22,  Тетекс 21, Гостивар 2 и ИБА баскет 18, Хераклеја 17, Дибра иглс 16, Спарта 15, Љуботен 10.

Loading